ОКТА е единствената компанија во регионов, која е член на "Партнерството за чисти горива и возила" од јануари 2012 година и со тоа е дел од програмата за животна средина за чисти горива и возила на Обединетите нации, со што како нафтена компанија ги имплементира современите и еколошки начини на производство на безоловни бензини и нафтени деривати со ниска содржина на сулфур. Оваа програма е наменета за земјите во развој и има за цел да им помогне во нивните напори да бидат во чекор со светските тенденции за престанување на производство на оловни бензини, како и намалување на емитирањата на сулфур, а со самото тоа да се подигне стандардот за почисти возила и воздух и да се создаде подобра животната средина.
ОКТА е единствената компанија во регионов, која е член на "Партнерството за чисти горива и возила" од јануари 2012 година и со тоа е дел од програмата за животна средина за чисти горива и возила на Обединетите нации, со што како нафтена компанија ги имплементира современите и еколошки начини на производство на безоловни бензини и нафтени деривати со ниска содржина на сулфур.
Оваа програма е наменета за земјите во развој и има за цел да им помогне во нивните напори да бидат во чекор со светските тенденции за престанување на производство на оловни бензини, како и намалување на емитирањата на сулфур, а со самото тоа да се подигне стандардот за почисти возила и воздух и да се создаде подобра животната средина.
- Свесни за чувствителноста на индустријата со која примарно се занимава, ОКТА вложува постојани напори за подобрување на условите за живот, како на локалното население во општината Илинден каде и самата рафинерија е сместена, така и пошироко. Како резултат на таквите заложби е и планираната акција на вработените на ОКТА кои по повод Ден на дрвото", ќе засадат дрвца во околината на нивната рафинерија, сакајќи да создадат зелена оаза која дополнително ќе придонесе за чиста и здрава животна средина - велат од ОКТА.
Партнерството за чисти горива и возила беше за првпат лансиран во Јоханесбург во 2002 година. Во светот постојат повеќе од 90 компании кои се партнери на Програмата за чисти горива и возила, кои ги вклучуваат владите, граѓанските општества, меѓународни организации и институциите на високото образование.